Осигуреници
Општи акти

Право на протези и други ортопедски помагала

Осигуреното лице  остварува право на протези, ортопедски и други помагала, помошни и санитетски справи и материјали и заботехнички средства.

Правото на протези, ортопедски и други помагла го остварува врз основа на потврда за потреба од ортопедското помагало, што ја издава лекар специјалист од соодветната специјалност.

За останати помагала и санитарни справи осигуреното лице правото го остварува врз основа на потврда издадена од избраниот лекар на предлог од лекар специјалист од соодветната специјалност.

Осигуреното лице има право  на едно помагало од ист вид за одредена индикација.

На една потврда за потребата од ортопедско помагало на осигуреното лице може да му се препише само еден вид помагало за одредена индикација, во потребните количини утврдени во Списокот на ортопедските помагала.

Потврдите за ортопедското помагало ги заверува подрачната служба на Фондот според местото на осигурување на осигуреното лице.

За ортопедските и другите помагала односно  за миоелектронска протеза, инвалидска количка на електромоторен погон и изработување на ново заботехничко или забнопротетичко средство, потврдата за потребата од ортопедско помагало се заверува по предходно прибавено мислење од Првостепената лекарска комисија на Фондот.

Осигуреното лице врз основа на заверена потврда за потребата од ортопедско помагало, одобреното помагало го превзема од правното лице кое изработува или набавува ортопедски помагала, со кое Фондот за здравствено осигурување има склучено договор.

Шифрарник на  добавувачи за ортопедски и други помагала кои имаат догвор со ФЗОМ

Начин на остварување на ортопедски и други помагала

Осигуреното лице правото на ортопедско и друго помагало го остварува врз основа на потврда за потреба од ортопедско помагало, што ја издава лекар специјалист од одредена специјалност.

 Осигуреното лице правото го остварува врз основа на потврда издадена од избраниот лекар на предлог од лекар специјалист од соодветна специјалност за следните помагала:

  1. дводелен систем за уростома,
  2. дводелен систем за колостома и илеостома
  3. ендотрахијална канила за осигурено лице за кое е извршена трахетомија;
  4. постојан катетар (за лице кај кое не постои можност за празнење на мочниот меур по пат на слободна дренажа)
  5. Нелатон катетер (за лице кај кое не постои можност за своеволно празнење на мочен меур)
  6. распрскувач и инхалатор за лице кое боледува од долготрајно респираторно заболување со постојани дишни тегоби, само за деца до 18 годишна возраст и само еднаш;
  7. гумено црево за вештачко хранење за  осигурено лице кое се храни по вештачки пат преку отвор на ѕидот од желудникот .
  8. медицинско помагало за инконтиненција (влошки и/или пелени) 

Осигуреното лице правото го остварува врз основа на потврда издадена од избраниот стоматолог на предлог од лекар специјалист од соодветна специјалност за следните помагала:

  1. подвижни  акрилатни парцијални и  тотални  протези;
  2. ортодонски  акрилатни апарати (подвижни);
  3. оптуратори;
  4. шини за имобилизација при траума;
  5. едноделни  леани фасетирани крунички.

Подвижни  акрилатни  тотални и парцијални  протези  се одобруваат во случај  кога   недостигаат  крајните два молара (едностарно или двострано) во една или во обете вилици.

Ако на осигуреното лице му недостигаат повеќе од три заба еден до друг по правило се изработува подвижна  акрилатна протеза.

Едноделни леани фасетирани крунички  можат да се одобрат на осигурено лице - дете до 18 годишна возраст, во случај на траума.

Осигуреното лице има право да избере во која ортопедска куќа што има  договор со Фондот, ќе го подигне ортопедското помагало.

За извршената здравствена услуга  на осигуреното лице му се наплатува учество (партиципација) согласно Правилникот за индиказии за остварување на право за ортопедски и други помагала и во Списокот на ортопедски и други помагала.

Мени за пристапност