Седат Бислими
Заменик-директорr на Општина Фонд за здравствено осигурување
Заменик-директорr на Општина Фонд за здравствено осигурување
Седат Бислими е роден на 1 ноември 1985 година во село Студеничани Скопје.
Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на насоката Сметководство и ревизија. Има започнато последипломски студии во областа на сметководството и ревизијата на истиот факултет.
Поседува повеќе од 17 години професионално искуство во јавниот сектор. Својата кариера ја градел во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде од 2009 до 2026 година работел во Секторот за внатрешна ревизија. Пред именувањето за заменик-директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, ја извршувал функцијата раководител на Одделението за ревизија на мерките финансирани од Буџетот на Република Северна Македонија.
Активен е во областа на професионалниот развој и континуираното усовршување, како член на Здружението на внатрешни ревизори на Република Северна Македонија. Посетувал бројни домашни и меѓународни обуки од областа на внатрешната ревизија, финансиското управување, сметководството, информатичките технологии и развојот на менаџерски и комуникациски вештини.
Во мај 2026 година е именуван за заменик-директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
Оженет е и татко на две деца.