Осигуреници
Општи акти

Права од примарна здравствена заштита

Право на лекови осигуреното лице остварува врз основа на рецепт за препишување на лек.

Лекови на рецепт пропишува лекар - доктор на медицина, односно стоматологија, кој има статус на избран лекар во примарната здравствена заштита.

Осигуреното лице може да оствари право на лекови на товар на средствата на Фондот според Листата на лекови врз основа на рецепт и потврда за платен придонес за здравствено осигурување.

На рецепт се пропишува само еден лек, за едно осигурено лице, во потребна количина за терапија до 8 дена за акутни случаи.

За терапија во случај на хронични болести се препишуваат повеќе рецепти за лекови, но на еден рецепт еден лек за терапија најмногу до 30 дена.

 

Санитетско возило може да се користи и кога не се работи за итен случај, а болниот односно повредениот поради неподвижност или ограничена подвижност не може да користи превоз со јавниот сообраќај.

Потребата за превоз со санитетско возило ја утврдува избраниот лекар односно надлежниот лекар од соодветната болничка здравствена установа.

Превоз со санитетско возило може да се користи и во случаи кои се однесуваат за лекување во странство, по предлог на лекарската комисија за упатување на лекување во странство, односно надлежниот лекар во болничката здравствена установа во странство.

Патронажната посета е пружање на стручна помош и следење на состојбата по породување на осигурено лице - породилка и на новородено дете со цел за зачувување и унапредување на здравјето на родилката односно детето, кај кои постои зголемен ризик од појава на болести.

Патронажната посета ја спроведуваат медицински сестри од тимот на избраниот лекар - гинеколог.

Како итна медицинска помош се смета пружање на дијагностички и терапевтски постапки кои се неопходни за отстранување на непосредна опасност по животот и здравјето на осигуреното лице.

Осигуреното лице остварува итна медицинска помош без упат од избраниот лекар, кај најблиската здравствена установа која врши примарна здравствена заштита, односно во здравствена установа која има организирано служба за итна помош, според местото на живеење односно според местото каде осигуреното лице се затекнало во времето на потребата од итна медицинска помош.

Итна медицинска помош се обезбедува и кога осигуреното лице не е во можност да го докаже својството на осигурено лице.

Својството на осигурено лице се докажува по престанувањето на итноста.

Домашно лекување осигуреното лице остварува кога не е неопходно болничко лекување, во случај на :

  • неподвижни или слабо подвижни болни
  • хронична болест во фаза на влошување или компликации
  • после сложени оперативни зафати кои бараат превивање и нега на раната
  • продолжување на болничко лекување по предлог на болничката здравствена установа
  • кај болни во терминална фаза на болеста

Потребата од домашно лекување ја утврдува лекар специјалист од соодветната специјалност.

Домашното лекување го спроведува избраниот лекар или медицинската сестра од тимот на избраниот лекар, односно специјализирана организациона единица за домашно лекување.

Доколку избраниот лекар врши домашно лекување здравствените услуги се сметаат како посебни услуги.

Осигуреното лице заради користење на здравствена заштита во примарната здравствена заштита врши избор на лекар во дејност на : општа медицина, медицина на трудот, педијатрија, училишна медицина, гинекологија и општа стоматологија, без оглед на местото на живеење односно на работа.

Како избран лекар се смета лекар вработен во здравствена установа која врши примарна здравствена заштита и кој осигуреното лице го избрало за свој лекар.

Изборот на лекар се  врши:

  1.  Во дејноста општа медицина избор на лекар можат да вршат сите осигурени лица.
  2.  Во дејноста медицина на трудот избор на лекар вршат работниците и другите осигурени лица, доколку лекарот од медицина на трудот врши дејност од општа медицина.
  3.  Во дејноста педијатрија, избор на лекар вршат децата до 6 односно до 14 годишна возраст.
  4.  Во дејноста уличишна медицина избор на лекар вршат децата од училишна возраст.
  5.  Децата кои се на школување надвор од местото на живеење избираат лекар и во местото на школувањето.
  6.  Во дејноста гинекологија избор на лекар вршат жените над 12 годишна возраст.
  7.  Во дејноста на стоматологијата избор на лекар вршат сите осигурени лица.

Осигуреното лице може да избере лекар и од дејноста на педијатрија и училишна медицина, ако на тоа подрачје нема лекар од соодветната специјалност или ако осигуреното лице така определи.

Изборот на лекар стоматолог се врши од сите лекари стоматолози кои вршат општа стоматолошка пракса освен лекарите по орална хирургија, протетика и ортодонција и други специјалисти, кои вршат специјалистичка дејност.

За децата осигурени лица до 14 годишна возраст, изборот на лекар може да го врши родителот односно старателот.

Изборот на лекар се врши со пополнување на изјава за избор на лекар на образец ИЛ-1 (Пријава за избор - Промена на лекар).
Изјавата се пополнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигуреното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фонот за здравствено осигурување, заради евиденција.

Промената на избраниот лекар се врши со пополнување на нов образец ИЛ-1 како одјава за избор на лекар и нов образец ИЛ-1 како изјава за избор на лекар.

Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување по службена должност може да ја изврши промената со верификација на изјавата на осигуреното лице и доказ од личната исправа, во рок од осум дена од поднесувањето.

Во рок од осум дена од извршената промена на избраниот лекар, подрачната служба на Фондот ги известува избраниот и ново избраниот лекар.

Промена на избраниот лекар, осигуреното лице може да врши најмногу до два пати во текот на една календарска година.

Прегледот кај избраниот лекар е бесплатен.

Осигуреното лице плаќа партиципација само за аплицирана ампуларна терапија кај избраниот лекар.
Осигуреното лице има право на здравствени услуги, со цел за утврдување, следење и проверување на здравствената состојба.

Прегледи кој ги врши избраниот лекар се :

  • прегледи по барање на осигуреното лице кои ги врши избраниот лекар според медицински индикации и опфаќаат лекарски физикален преглед, анализа на претходна здравствена состојба,
  • упатување на потребни дијагностички постапки,
  • упатување на специјалистички преглед,
  • дијагностицирање,
  • соодветно лекување и ако е  поребно  упатување на болничко лекување,
  • пропишување на лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ


Прегледи кај избраниот стоматолог се

  • превенција,
  • лекување и санирање на болестите на устата и забите.

Превентивните прегледи опфаќаат:

  • дијагностика на ризикот за појава на кариес и парадонтопатија
  • рано откривање на болести на устата и забите
  • аномалии во развојот на вилиците и забите

 
Лекување и санирање на болестите на устата и забите опфаќаат:

  •  терапија на кариесот со полнење на предните заби со двокомпонентен композитен материјал и со амалгамски полнења на другите заби, ендодонска терапија со дефинитивно полнење на канали со јдодоформ фосфатен цемент,
  • Заболување на парадонтот, терапија на меките ткива,
  • Устата и плувачките жлезди
  • Вадење на заби


Прегледи кој ги врши избраниот гинеколог се :

  • ја следи бременоста и дава совети во врска со бременоста и контрацепцијата
  • го води породувањето, кога не е неопходно породувањето да се врши во болнички установи
  • превзема мерки и активности за рано откривање на заболувањата кај жените меѓу кои спаѓаат и здравствените услуги со ЕХО преглед

Начин како осигуреното лице да избере лекар

Правото за избор на лекар е лично право на осигуреникот и во негово име тоа никој не може да  направи избор. Исклучок од ова претставуваат малолетните деца до 14 годишна возраст и неспособните лица, за кои изборот на лекар го вршат нивните родители, односно старатели.

Изборот на матичен лекар од страна на осигуреникот се врши на следниов начин:

  •  Осигуреното лице врши избор на лекар во приватната здравствена установа каде сака да се лекува, доколку нема претходно избран лекар  со ИЛ-1  образец пријава.

Доколку осигуреното лице сака да изврши промена на избраниот лекар, здравствената установа каде осигуреникот има претходно избран лекар,за осигуреникот пополнува ИЛ-1  образец одјава. Со ова пациентот се одјавил од избраниот лекар. Едниот  примерок од  ИЛ-1  образец одјавата  осигуреникот ја носи во приватната здравствена установа каде сака да направи нов избор на лекар и за него се пополнува ИЛ-1  образец пријава. На ИЛ-1 образецот одјава односно нов ИЛ-1 образец пријава докторот задолжително го става својот факсимил на ИЛ-1 образецот и осигуреното лице својот потпис. 

Доколку осигуреното лице има претходно избран лекар но од било кои причини не може да земе ИЛ-1  образец одјава од претходно избраниот лекар,  осигуреното лице  тоа го прави во соодветната подрачна служба на Фондот каде пополнува Изјава за промена на избран лекар, заедно со приложена фотокопија од лична карта.

Осигуреното лице во Подрачната служба може да прави само одјава на избран лекар или одјава од претходен избран лекар и во исто време да направи и пријава на нов избран лекар со приложување на нов ИЛ образец.

Шифрарник на лекари кои имаат договор со ФЗОМ од примарна здравствена заштита
 

Мени за пристапност