Осигуреници
Општи акти

Права од специјалистичко консултативна здравствена заштита

Специјалистичко консултативна здравствена заштита опфаќа специјалистички прегледи, дијагностички, терапевски и рехабилитациони постапки според медицински индикации.

За потребата од упатување на специјалистичко - консултативна здравствена заштита одлучува избраниот лекар.

Специјалистичко - консултативна здравстена заштита осигуреното лице ја остварува во здравствена установа која врши такви здравствени услуги на подрачјето на Република Македонија, врз основа на упат од избраниот лекар.

Субспецијалистичката здравствена заштита се користи со упат на лекарот специјалист.

Упатот важи 30 дена од денот на издавањето, односно до денот на закажаниот преглед, освен во оправдани случаи, кога поинаку е определено со Одлука на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

Ако во здравствената установа во која е упатен има повеќе лекари од иста специјалност осигуреното лице самостојно може да се определи кај кој лекар специјалист ќе користи здравствена услуга.

Осигуреното лице е должно по извршениот специјалистичко - консултативен преглед да се јави кај избраниот лекар веднаш но најдоцна во рок од три дена.

Начин како осигуреното лице да користи специјалистичко - консултативна здравствена заштита

За потребата од упатување во специјалистичко - консултативна здравствена заштита одлучува избраниот лекар.

Осигуреното лице има право да избере во која здравствена установа од специјалистичко - консултативна дејност со која Фондот има договор, ќе  ја изврши здравствената услуга.

За извршената здравствена услуга  на осигуреното лице му се наплатува учество (партиципација) согласно Одлуката  за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите.

Начин како осигуреното лице да користи лабораториски услуги

А. Лабораториски испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат на избран лекар (ЛУ -1)

А. За потребата од лабораториски испитувања одлучува избраниот лекар.

Осигуреното лице има право да избере во која здравствена установа која врши лабораториска дејност  со која Фондот има договор, ќе  ја изврши здравствената услуга.

Содржината на лабораториските испитувања лабораториските испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита по упат на избран лекар се утврдени во ЛУ - 1 и тоа:
 

I Хематолошки статус

Седиментација на еритроцити 

Крвна слика

  • Хемоглобин
  • Еритроцити
  • Леукоцити
  • Тромбоцити
  • Хематокрит

Диференцијална крвна слика

  • Неутрофили
  • Лимфоцити
  • Еозинофили
  • Моноцити

                      
II. Уринарен статус

  • pН
  • Специфицна тежина
  • Белковини
  • Глукоза во урина
  • Кетони
  • Уробилиноген
  • Билирубин
  • Седимент на урина

III. Основни биохемиски испитувања

Глуциден статус

  • Глукоза во серум (Гликемија)

Липиден статус

  • Вкупен холестерол
  • Триглицериди


Деградациони продукти

  • Уреа во серум
  • Креатинин во серум


Ензимски статус

  • AST (Aspartat aminotransferasa)
  • ALT (Alanin aminotransferasa)

 Електролитен статус- во серум

  • Железо (Fe)

IV. Тест за бременост -HCG

 За извршените лабораториски испитувања на осигуреното лице му се наплатува учество (партиципација) согласно Одлуката  за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите.

Шифрарник на лекари кои имаат договор со ФЗОМ

Б. Лабораториски испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита (ЛУ-2)

Б. За потребата од упатување на осигуреното лице за лабораториски испитувања во специјалистичко-консултативна здравствена заштита одлучува лекарот специјалист.

 Осигуреното лице има право да избере во која здравствена установа која врши лабораториска дејност  со која Фондот има договор, ќе ја изврши  некоја од следните здравствени услуги:

 

  • ВАДЕЊЕ КРВ
  • ХЕМAТОЛОШКИ СТAТУС 
  • КОAГУЛAЦИОНЕН СТAТУС 
  • ГЛУЦИДЕН СТAТУС 
  • ДЕГРAДAЦИОНИ ПРОДУКТИ 
  • ПРОТЕИНСКИ СТAТУС 
  • ЕНЗИМСКИ СТAТУС 
  • ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТAТУС - серум 
  • ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТAТУС - урина 
  • ЛИПИДЕН СТAТУС
  • ХОРМОНAЛЕН СТAТУС
  • ИМУНОЛОШКИ СТAТУС 
  • СПЕЦИФИЧНИ ПРОТЕИНИ 
  • СЕРУМСКИ ТУМОРСКИ МAРКЕРИ 
  • МAРКЕРИ ЗA AНЕМИЈA 
  • КОСКЕНИ МAРКЕРИ 
  • СРЦЕВИ МAРКЕРИ 
  • БУБРЕЖНИ МAРКЕРИ 
  • ВИРУСНИ МAРКЕРИ
  • БИОХЕМИСКИ СТAТУС
     

За извршените лабораториски испитувања на осигуреното лице му се наплатува учество (партиципација) согласно Одлуката  за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите.

Шифрарник на здравствени установи кои имааат договор со ФЗОМ

Шифрарник на јавни здравствени установи кои имаат договор за специјалистичко консултативна здравствена заштита со ФЗОМ

Шифрарник на приватни здравствени установи кои имаат договор за специјалистичко консултативна здравствена заштита со ФЗОМ

Мени за пристапност