Новости лаборатории
Известување во врска со нови обрасци за лаборатории
Со цел унифицирање на работењето како и давање на правилни насоки на осигурениците за добивање на соодветни услуги, Ве потсетуваме дека во договор со матичните лекари направено е проширување на услугите опфатени со ЛУ1 образецот. Проширувањето има за цел зајакнување на примарната здравствена заштита и рано откривање и дијагностицирање на болестите. Бихемиските анализи со кои е направено проширувањето на ЛУ1 упатот се следните: Глукоза толеранс тест (OGTT), Гликолизиран хемоглобин (HbA1C) и Тиреостимулирачки хормон (TSH).
Фондот за здравствено осигурување на Македонија во договор со матичните лекари направи проширување на целите кои матичните лекари треба да ги постигнат се со цел зајакнување на примарната здравствена заштита и рано дијагностицирање на болестите
Начин на евиденција на реализирани лабораториски услуги на месечно ниво по упат од матичен лекар во примена од 01.10.2010 (ПЗУ, ЈЗУ)