Осигуреници
Општи акти

Отворена канцеларија во Маврово-Ростуше

Фонд за здравствено осигурување Фонд за здравствено осигурување

Во Општина Маврово-Ростуше, во летниот период ќе работи истурена канцеларија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Канцеларијата е отворена по барање на граѓаните на Општина Маврово-Ростуше, а во соработка со Општината и Здравствениот дом во чии простории е и сместена канцеларијата. Овој истурен пункт на ФЗОМ е отворен со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои живеат во општината, на печалбарите кои во летниот период доаѓаат во посета на родниот крај, на туристите, како и на граѓаните кои имаат викенд куќи. Правото на здравствено осигурување во оваа канцеларија може да го остварат граѓаните од 42 населени места, доколку за тоа имаат потреба. Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден, во периодот од 12:00 до 14:30 часот.

Отворена канцеларија во Маврово-Ростуше

Мени за пристапност