Во изминатиот период Фондот за здравствено осигурување тргнувајќи од барањата на фирмите, избраните матични лекари, а пред се’ осигурениците, презеде активности за децентрализирање на Подрачната служба во Скопје со отворање на истурени канцеларии – шалтери и тоа во општина Кисела Вода, населба Драчево и општина Ѓорче Петров. Овој потег има за цел да се приближат услугите кон граѓаните, а со тоа да им се заштеди време и пари кои тие ги губеа патувајќи до самиот центар на градот каде е сместена Подрачната служба на ФЗОМ за Скопје.
За работењето на истурените шалтери и присуството на ФЗОМ на регионалниот форум за Фондови