Осигуреници
Општи акти

Соопштение за здравствените установи – преговори и договарање на буџетите за 2027 година

Соопштение за здравствените установи – преговори и договарање на буџетите за 2027 година

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија ги информира здравствените установи дека започнува со подготвителните активности за преговори и договарање на буџетите, односно утврдување на договорениот надоместок за обезбедување здравствени услуги за 2027 година.

За навремено и непречено спроведување на овој процес, потребно е здравствените установи да ја достават соодветната документација, согласно објавеното известување и предвидените обрасци.

Известувањето за потребната документација, заедно со сите обрасци, е достапно на следниот линк:

https://fzo.org.mk/zdravstvo/terkovi-potrebna-dokumentacija

Барањето за утврдување на договорениот надоместок, заедно со потребните прилози, верифицирано од страна на директорот на јавната здравствена установа, се доставува во архивата на Фондот, со назнака „За Сектор за финансиски прашања“.

Истовремено, барањето со прилозите се доставува и во електронска форма на адресата dogovori@fzo.org.mk.

При електронското доставување, во насловот на пораката потребно е да биде наведено името на здравствената установа, а во содржината да бидат назначени лицето за контакт, телефонскиот број и електронската адреса.

Крајниот рок за доставување на потребната документација е 2 ноември 2026 година.

Фондот ги повикува здравствените установи навремено да ги исполнат предвидените обврски, со цел ефикасно спроведување на постапката за преговори и договарање на буџетите за 2027 година.

Мени за пристапност