Почитувани,
Во врска со практичната примена на одредбата утврдена во „Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Северна Македонија за 2026 година“ („Службен весник на РСМ“ бр. 30 од 13.02.2026 година), со која е предвидено ослободување од плаќање партиципација за лекувањето и рехабилитацијата на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс – Кочани“, Фондот за здравствено осигурување ги известува сите здравствени установи за начинот на евидентирање на ова ослободување во системот за пресметка и фактурирање на здравствените услуги.
Имајќи ја предвид потребата од единствено, правилно и технички усогласено постапување во сите здравствени установи, како и важноста на непречено остварување на правата на пациентите кои се опфатени со оваа мерка, Фондот изврши соодветно усогласување во системските решенија со цел да се овозможи правилна евиденција на ослободувањето од партиципација при креирање на амбулантни пресметки, дневна болница, болничко лекување и рехабилитација.
Во продолжение Ви ја доставуваме техничката насока за евидентирање на основот на ослободување во ДСГ груперот, со цел здравствените установи да можат непречено да ја вршат пресметката и фактурирањето на здравствените услуги за пациентите опфатени со оваа мерка.
Новиот основ на ослободување од партиципација во ДСГ груперот може да се најде во делот:
Ослободување: 0.Има ослободување
Тип на ослободување: I. Закон
II. Пропис
III. Програма
Подтип: 2. За партиципација при користење З.З. на одделни заболувања на граѓаните и З.З. на родилки и доенчиња
Точка р. Лекувањето и рехабилитацијата на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс - Кочани”.
При изготвување на пресметките во специјалистичко-консултативната здравствена заштита (СКЗЗ) и при третман во дневна болница, за евидентирање на ослободувањето од партиципација потребно е да се користи шифрата 3900000, со назив: „Пациенти кои се повредени во пожарот во дискотеката “Пулс – Кочани”.