Од 01.10.2014 година ортопедските куќи и стоматолошките здравствени установи, со дејност протетика и ортодонција, преку веб порталот на Фондот за здравствено осигурување, започнуваат со нов начин на евидентирање на нарачки и подигање на ортопедски помагала. Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите ортопедски куќи и стоматолошки здравствени установи со дејност протетика и ортодонција, кои имаат важечки договор со Фондот за 2014 година, за да пристапат на веб порталот на Фондот треба да имаат креирано профил на лицата кои се овластени да нарачуваат и издаваат ортопедски помагала.
За ортопедски куќи и стоматолошки здравствени установи со дејност протетика и ортодонција