25 години Фонд за здравствено осигурување

25 години Фонд за здравствено осигурување

Денес во Македонската филхармонија ја почувствувавме силата на заедништвото,  посветеноста и истрајноста што 25 години го градат Фондот за здравствено осигурување.

Од свеченото интонирање на химната, преку инспиративниот документарец „Ефикасност што значи живот“, до искрените обраќања на директорот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов како и  премиерот Христијан Мицкоски — секој момент беше потсетник колку труд, професионализам и човечност се вложени во оваа институција.

Овој јубилеј не беше само прослава. Беше приказна за луѓето што стојат зад системот, за сите што секој ден работиме да обезбедиме сигурност, достапност и достоинствена здравствена услуга за секој осигуреник.

Благодарни сме на сите што денес беа со нас.
Вашата поддршка ни дава сила да продолжиме уште поодлучно, со визија, со срце и со верба дека можеме да направиме уште повеќе — за граѓаните, за здравството, за иднината.