Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Квалитетен здравствен систем и квалитетна здравствена заштита

Квалитетен здравствен систем и квалитетна здравствена заштита

Квалитетен здравствен систем и квалитетна здравствена заштита ,предизвиците со кои се соочува , како и приоритетите на Фондот за здравствено осигурување - беа дел од темите за кои се разговараше на работната средба одржана на ден 17.07.2024 година, помеѓу генералните директори на ФЗОРСМ Сашо Клековски и Бранко Аџигогов заедно со заменик претседателот на Владата - Александар Николовски.

ФЗОРСМ е во скоро десетгодишно назадување во секоја смисла и прв приоритет е тоа да запре, Фондот да се постави во правилна насока. За тоа постои волја и се бара поддршка и од Владата, за да се реализира изборната програма
- истакна Клековски.

За заменик претседателот Николоски, посетата на Фондот е во таа насока.