Средба со претставници на Фармабренд Нова и AmCham North Macedonia
На денешната работна средба одржана во Министерството за здравство, присуствуваа генералниот директор на ФЗОРСМ Сашо Клековски, министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со претставници на Фармабренд Нова и AmCham North Macedonia, преку кои се застапени десетина иновативни фармацевтски компании кои обезбедуваат над 90% од иновативните лекови регистрирани во РС Македонија, како: Ново нордиск, Новартис, МСД, Баер, Санофи, Такеда, Борингер Ингелхајм, Фајзер и Роше.
- Теми кои беа разгледани на оваа средба: како до повеќе иновативни лекови кои би се нашле на позитивната листа а кои би обезбедиле подобра здравствена заштита, како до пониски цени на лековите за поширок опфат и кои се препреките до остварување на овие цели.
- Интерес е на РС Македонија преку соработка со производители на иновативни лекови, да обезбеди најсовремени лекови по пониски цени. Исто така, иновативните фармацевтски компании го истакна интересот за директно присуство во РС Македонија.
Низ соработка до подобри и попристапни лекови!