Вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, во официјална посета на Фондот за здравствено осигурување
Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, г.Златко Перински, денес оствари официјална средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Никол Варнс, која престојуваше во официјална посета на Фондот.
За време на средбата беа разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси во здравствениот систем, при што директорот Перински ги презентираше улогата, надлежностите и стратешките приоритети на Фондот, како и активностите насочени кон унапредување на квалитетот, ефикасноста и достапноста на здравствените услуги за граѓаните.
Посебен акцент беше ставен на можностите за натамошно унапредување на соработката, размената на искуства и добри практики, дигиталната трансформација и јакнењето на институционалните капацитети во здравствениот систем.
Во разговорите беше истакнато значењето на партнерството со Соединетите Американски Држави како стратешки партнер на Република Северна Македонија, како и важноста од континуиран дијалог и меѓусебна соработка во областите од заемен интерес.
Фондот за здравствено осигурување останува посветен на развивање и унапредување на соработката со меѓународните институции и стратешките партнери на Република Северна Македонија, со цел модернизација на здравствениот систем, размена на добри практики и обезбедување поквалитетни и подостапни здравствени услуги за сите осигуреници.