Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Примопредавање на директорската функција

Примопредавање на директорската функција

Денес во просториите на Фондот за здравствено осигурување беше извршено примопредавање на директорската функција.

Досегашниот директор, г. Сашо Клековски, му ја предаде должноста на г. Златко Перински, кој на седница на Владата беше именуван за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување.

Во духот на институционалниот континуитет и професионалната одговорност, беше извршено примопредавање на тековните активности, приоритетите и обврските на институцијата.

По преземањето на функцијата, г. Перински истакна:

„Фондот за здравствено осигурување е една од најзначајните институции во здравствениот систем и има суштинска улога во обезбедувањето стабилна и достапна здравствена заштита за граѓаните. Ќе работиме одговорно, партнерски и посветено, градејќи институција која ќе биде ефикасна, транспарентна и целосно насочена кон интересите на осигурените лица и јавниот интерес.“

Фондот за здравствено осигурување продолжува со непречено извршување на своите законски надлежности и останува посветен на обезбедување квалитетни и достапни здравствени услуги за сите осигурени лица.