4 февруари – Светски ден за борба против ракот
По повод 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот, Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги споделува клучните податоци и бројки поврзани со унапредувањето на дијагностиката, опремата и човечките ресурси во системот за онколошка заштита. Податоците се составен дел од денешниот прес-брифинг и ја отсликуваат реалната состојба и преземените активности.
Подолу е линкот од прес изјавата на Генералниот директор г.Сашо Клековски.
РАДИО ДИЈАГНОСТИКА
- Нови дигитални рентген апарати во: ОБ Кочани, ОБ Кичево, ОБ Битола, ОБ Прилеп, ЗД Железничар, ЗД Железата, како и ТОАИРУЛУЦ, Дигестивна хирургија и Институт за радилогија (2).
- Дигитализирани апаратите во Пробиштип, Берово, Кратово и Крива Паланка.
- Нов КТ во Св. Наум Охридски
- Нов мамограф во ОБ Кичево
ЕНДОСКОПИИ
- Нова гастро/колоноскопија во Клиника за гастроентерехепатологија
- Нова бронхоскопија во КБ Штип
ПАП тестови во 2025 г. - 71.000
ПАТОЛОГИЈА И МОЛЕКУЛАРНА ДИЈАГНОСТИКА
Кадар за патологија
- Институт за патологија – 2 специјализанти
- Клиника за радиотерапија и онкологија - 2 специјализанти
- ГАК цитолошка лабараторија – 1 положен специјалистички испит
- Нови 3 приватни специјализации во Институт за патологија
- На 2 последователни конкурса за државни специјализации објавени во текот на 2025 г., на местата огласени од болниците во Велес (1), Тетово (1), Битола (2), Струмица (1) и Охрид (1) не се јави ниту еден кандидат!
Опрема
Институт за патологија
- Примарна обработка и морфолошка анализа на ткива: ткивен процесор, апарат за калапење на ткива во парафин, микротом, водена бања и 2 микроскопа со камери
- Дигестор со две работни места за макроскопска обработка на ткива
- Молекуларна патологија се инсталирани нов термален сајклер и апарат за NGS, кој е комплетно интегриран систем што ги автоматизира сите чекори од работниот процес: подготовката на библиотеки и темплејти, секвенцирањето и анализата на добиените податоци.
ОБ Охрид
Примарна обработка и морфолошка анализа на ткива: ткивен процесор, апарат за калапење на ткива во парафин, микротом, водена бања.
Предизвици
Регионалната дистрибуција на материјали за анализа НЕ функционира – сè уште на Институтот за патологија доаѓаат материјали од болниците во Струга, Велес, Гостивар, Гевгелија, Кичево, Кочани и др.
Рефлексно тестирање значи дека патологот автоматски (рефлексно) наредува и изведува дополнителни анализи (најчесто молекуларни и предиктивни) веднаш откако првичните морфолошки анализи потврдат малигна неоплазма – без да се чека посебно упат или барање од онколог.Клучни карактеристики:
- Се базира на однапред договорени патеки/протоколи помеѓу патолози и онколози.
- Не се чека дополнителен упат → анализите се прават во континуитет со основната дијагностика.
- Резултатот е интегриран извештај што ги содржи: морфолошка дијагноза и молекуларен профил (предиктивни маркери за терапија).
Пример: Кај белодробен карцином – молекуларните анализи се работат веднаш по потврда на карцином, па онкологот добива комплетен извештај без одлагање. Главна корист: Значително се скратува времето од поставување на дијагноза до започнување на таргетна/персонализирана терапија кај онколошки пациенти.
ХИРУРГИЈА
Прес изјавата на Генералниот директор г.Сашо Клековски.