Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Успешен почеток и заедничка визија за поефикасен и поквалитетен здравствен систем

Успешен почеток и заедничка визија за поефикасен и поквалитетен здравствен систем

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се одржа првата работна средба помеѓу директорот , г. Сашо Клековски, и новоименуваниот заменик-директор, г. Седат Бислими.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните предизвици, организациските процеси и идните приоритети во работењето на Фондот.

Како нов член на раководниот тим, г. Бислими со своето богато професионално и ревизорско искуство ќе придонесе кон понатамошно унапредување на институционалната ефикасност, транспарентноста и квалитетот на услугите.

Со заедничка визија, посветеност и одговорен пристап, раководството на Фондот продолжува активно да работи во насока на обезбедување поквалитетно, поефикасно и подостапно здравствено осигурување за сите граѓани.

На новоименуваниот заменик-директор му посакуваме успешен мандат, плодна соработка и многу успех во извршувањето на одговорната функција.