Соопштение за медиуми

Соопштение за медиуми

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Фондот за здравствено осигурување со значајни резултати во првата година од мандатот на новото раководство: Подобри лекови, подобри плати, подобри здравствени услуги

На денешниот брифинг со медиумите, генералните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, г. Сашо Клековски и г. Бранко Аџигогов, презентираа обемен преглед на реформите и резултатите постигнати во првата година од нивното назначување. Беше претставена визија за трансформација на Фондот во ефикасен, транспарентен и проактивен столб на здравствениот систем, со фокус на осигурениците и здравствените работници.

Главни приоритети:

  • Подобрување на пристапот до лекови;
  • Подобро финансирање на примарната здравствена заштита и специјалистичко-консултативните служби (СКЗЗ);
  • Повеќе и поквалитетни услуги во јавните здравствени установи;
  • Поголема ефективност и дигитална трансформација на Фондот.

Историски исчекор во пристапот до лекови

Бројни македонски семејства и натаму се соочуваат со висок финансиски товар поради лекови – дури 65% од трошоците се покриваат директно од џеб. Фондот одговори со ревитализација на Позитивната листа на лекови, која по повеќе од десет години стагнација беше проширена во два наврати:

  • Во август 2024 беа додадени 9 генерички лекови за третман на:
    • крвни болести (Prasugrel, Ticagrelor),
    • кардиоваскуларни заболувања (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate),
    • ментално здравје и деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine);
  • Во јули 2025 беа додадени два нови лека за онколошки третман – letrozole и anastrazole (ароматаза инхибитори).

Преку учество на националната платформа за лекови и воведување на Е-рецепт, се забрзуваат процесите, се намалуваат трошоците и се обезбедува континуиран пристап до лекување.

Условен буџет за лекови – поголем опфат, подобар квалитет

Новиот модел на буџетирање овозможи:

  • стабилен пристап до лекови за онкологија, хематологија, цистична фиброза, мултипла склероза, автоимуни болести (ревматолошки, кожни, гастроентеролошки);
  • елиминирање на листите за чекање за хормон за раст;
  • проширување на биолошката терапија и во регионални установи – пример: Струга.

Повеќе и подобри услуги во ЈЗУ

Преку зголемено финансирање, Фондот значајно го подобри капацитетот на јавните здравствени установи:

  • Зголемување на платите: најниската нето основна плата сега изнесува 27.000 МКД (споредено со 18.000 МКД во 2022 г.), а просечната плата достигнува 53.983 МКД. Реалниот раст е 9.4% за 2024/25, повеќекратно поголем од претходниот период (3.8% за 2021–2023).
  • Реконструкции на здравствени установи:
    • Клиника за инфективни болести,
    • Клиника за гинекологија и акушерство,
    • Клиника за детски болести,
    • Институт за јавно здравје,
    • како и дополнителни проекти во постапка или фаза на реализација.
  • Набавка на современа опрема и воведување нови методи во:
    • Дигестивна хирургија,
    • Баријатрична хирургија,
    • Трансплантација на црн дроб од жив дарител,
    • Урологија, трансплантации на бубрег, вградување на протези, радиологија, тромбектомија, периферни стентирања,
    • торакална и пластична хирургија, реконструкција на дојка, ОРЛ, гласовни протези,
    • ТАВИ, 3Д мапирање, криоаблации, имплантабилен кардиовертер дефибрилатор.

Други нови и проширени услуги

Фондот вложи и во нови области:

  • Финансирање на здравствени услуги за затвореници;
  • Поддршка за офталмологија, кардиохирургија, бањско лекување, ортопедски помагала, лекувања во странство;
  • Подобрување на постапките за ин витро – времето за одлучување е скратено од 3 месеци на 2 недели;
  • Поедноставена администрација, дигитализација на процесите, рационализација на процедурите за боледувања и зголемен број на контролни механизми.

Поголема ефективност и институционална зрелост на ФЗО

  • Интензивна дигитализација на внатрешните процеси;
  • Подобрена интероперабилност со други институции (МСПДМ, УЈП, ЦРМ);
  • Унапредени информациски безбедносни стандарди;
  • Подобрени работни услови и плати за вработените во Фондот.

Овие резултати претставуваат јасен показател за континуирана, целосно ориентирана и одговорна реформа на здравствениот систем – поддржана со транспарентност, систематски анализи и слушање на потребите на граѓаните и здравствените работници.

По брифингот, директорите останаа на располагање за изјави пред камера. За сите медиуми кои не беа во можност да присуствуваат, Фондот останува отворен за дополнителни информации.