Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Советувањето со странските експерти за Кочани продолжува

Советувањето со странските експерти за Кочани продолжува

Денеска во просториите на ФЗОМ , генералниот директор на Фондот Сашо Клековски,оствари средба  со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани  за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Инаку, во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.

На оваа средба се разговараше за потребите на повредените и кои се можностите за нивно побрзо закрепнувањње.Овие естетско-функционални протези се наменети за специфични потреби, се прават скроени по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. Разговаравме и за финансирање од страна на Фондот за здравствено осигурување, за што постојат искуства од Словенија и Хрватска.

Претходно директорот оствари комуникација со амбасадорката Симона Франкел, здравствените власти, како и докторите кои ги водеа тимовите од Израел за помош на повредените од Кочани, д-р Шахар Шапира од Шиба медицински центар и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ во Ерусалим.

Фондот за здравствено осигурување продолжува со соработката со експерти за да обезбеди најдобра здравствена заштита за повредените!