Средба со Граѓански организации на пациенти и од секторот здравство
На ден 11.07.2024 година генералниот директор на ФЗОРСМ, Сашо Клековски оствари средба со Граѓански организации на пациенти и од секторот здравство, која беше организирана од страна на Граѓански ресурсен центар. Средбата е иницирана за почетно запознавање и израз на транспарентноста на ФЗОРСМ. Од страна на ФЗОРСМ, искажана е посветеноста за подобри здравствени услуги, презентирани се владините мерки и побарани се нивни предлози за подобрување на состојбите. Од страна на Граѓанските организации на пациенти, беа презентирани повеќе предлози за достапноста на здравствени услуги од: онколошки пациенти, бубрежни заболувања, ретки болести до породилни отсуства на земјоделки и здравствено осигурување на затвореници, како и позитивни листи за лекови и начинот на набавки.