Претставници на Стоматолошката комора на средба во ФЗОРСМ
16/06/2022
Директорката на ФЗОРСМ, М-р. Магдалена Филиповска- Грашкоска денеска (16.06.2022) оствари средба со Претседателот на Стоматолошката комора Д-р Маријан Денковски и претседателот на Собранието на комората Д-р. Оливер Манасиев, на која беше разговарано за тековната, но и актуелната состојба во стоматологијата.
Директорката Филиповска- Грашкоска беше запознаена со предизвиците со кои се соочуваат стоматолозите во РСМ. На средбата беше договорено да се остварат повторни средби за да се види кои се можностите за унапредување на системот на стомалошката дејност.