Соопштение - Работна посета на делегација на Фондот за здравство на Црна Гора
11/11/2019
Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија денес е домаќин на седумчлена работна делегација на Фондот за здравство од Црна Гора.
Работната средба се одржа на иницијатива на Фондот за здравство на Црна Гора, чии претставници изразија интерес да добијат попрецизен преглед и информации за реформите во македонскиот здравствен систем, особено реформите во надлежност на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.