Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Фондот за здравствено осигурување на Македонија објави јавен повик за склучување договори за издавање на ортопедски и други помагала

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ве известува дека со цел за обезбедување на поголема достапност на ортопедски и други помагала од списокот на ортопедски и други помагала за осигурениците на товар на Фондот, објави јавен повик за склучување договори со сите заинтересирани ортопедски куќи регистрирани за промет и производство на ортопедски и други помагала и здравствени установи – аптеки, кои се вклучени во мрежата според Уредбата за мрежа на здравствени установи. Објавениот оглас е во согласност со член 130 од Законот за лековите и медицинските помагала како и член 9 став 1 под б) точка 3 и член 70 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со член 11 од Правилникот индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Документи

Фондот за здравствено осигурување на Македонија објави јавен повик за склучување договори за издавање на ортопедски и други помагала со ортопедски куќи и здравствени установи, аптеки