ФЗОМ сака да ја информира јавноста во врска со барање за донација за лекување во странство од страна на мајката на детето Д.Ј.
06/03/2015
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) сака да ја информира јавноста во врска со барање за донација за лекување во странство од страна на мајката на детето Д.Ј. ФЗОМ на детето веќе еднаш му има одобрено лекување во странство. Извршена е успешна хируршка интервенција на товар на ФЗОМ во 2014 година во Турција, за што, медиумите навремено ја известија јавноста.