Средба на ФЗОМ со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност“
21/03/2014
Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим одржаа работна средба со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“. На состанокот се разговараше за тековните потреби, за измените во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала. Претседателот на Националниот сојуз „Мобилност“, Бранимир Јовановски и претставниците од сојузот ја поздравија измената на Правилникот за скратување на роковите за протезите за работоспособно население, како и за ортопедските чевли за децата до 18 години.