Работен состанок помеѓу директорот на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџева Змејкова и Годфри Вокер
19/09/2013
Фондот за здравствено осигурување одржа работен состанок со претставници на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и со меѓународниот консултант на УНФПА, г. Годфри Воекер. Целта на состанокот беше да се утврдат можните рамки на соработка во врска со реализирање на актвиности од Акциониот план за намалување на матернална, перинатална и доенечка смртност за 2013-2014 година. Овој Акционен план беше усвоен на седница на Влада на Република Македонија на 29.06.2013 година.