Воведување на електронски услуги на ФЗОМ
23/07/2013
Стратешки развојна цел на Фондот за здравствено осигурување на Македонија е примена на информационо-комуникацискaта технологија во деловните процеси од целокупниот здравствeн систем. Фондот за здравствено осигурување на Македонија во минатото континуирано работеше на имплементација на повеќе проекти за осовременување на својот инфорамционен систем. Во таа насока, имплементиравме проект за воведување на електронски услуги за осигурениците, фирмите и здравствените установи или поточно софтверско решение за web портал.