ФЗОМ отворен и во сабота 29 јуни 2013 за доставување на барања за издавање на електронска здравствена картичка (ЕЗК)
28/06/2013
За да им излезе во пресрет на сите осигурени лица во Република Македонија, ФЗОМ ќе овозможи барањата за издавање на електронска здравствена картичка да можат да се доставуваат и во сабота, 29 јуни 2013 година. Сите подрачни служби на ФЗОМ низ земјава ќе работат во период од 07:30 до 19 часот.