Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Фондот донесе нов Правилник за биомедицинско потпомогнато оплодување

Ја известуваме јавноста дека Фондот донесе нов Правилник за критериумите за склучување договори и  начин на плаќање  и постапка за остварување на правото и на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита (Сл.Весник на РСМ бр.5/2024 година), со кој се уредени правата и обрските на здравствените  установи и Фондот, како и правата на осигурените лица за остварување на постапка за БПО на товар на средствата на Фондот

Во правилникот Дефинирана е постапката за поднесување на документација за БПО како и потребната документација што треба да ја обезбеди  осигуреното лице.

Во делот за потребна документација  во посебни точки е утврдена  медицинската документација за жената, мажот

за двајцата партнери, за деловна жена како и потребната  документација за отстварување право на бпо со  криопрезервиран материјал

и гестациски носител.

Покрај медицинската наведена е потребната административна документација потребна за започнување на постапката за БПО.

Во зависност од медицинската документација и стручното мислење,  утврдени се 5 нови Протоколи, и тоа:

  1. Стандарден протокол за БПО – Образец 1.1
  2. Протокол за БПО со криопрезервирани јајце клетки (сопствени или донорски) – Образец 1.2
  3. Протокол за БПО со криопрезервирани сперматозоиди (сопствени или донорски) – Образец 1.3
  4. Протокол за БПО со ембриотрансфер на криoпрезервирани ембриони (сопствени или донорски)  – Образец 1.4
  5. Протокол за БПО со гестациски носител – Образец 1.5

За секој Протокол  Фондот има утврдено повеќе пакети со референтна цена.