Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Известување (2) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година

Известување (2) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година

[01.11.2023]

Сите приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита, ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за вршење на хемодијализен третман и ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за биомедицинско-потпомогнато оплодување (БПО), кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а со цел утврдување на договорен надоместок за обезбедување на здравствени услуги за осигурените лица во 2024 година, потребно е да ја достават следнава документација:

  • Предлог - План за вид и обем на здравствени услуги за 2024 година по дејности - образец (1-5);
  • Збирен рекапитулар на вкупно планирани здравствени услуги, за сите дејности на здравствена заштита во 2024 година (доколку имаат повеќе од една дејност) - образец 6;

Документацијата што се доставува треба да е во согласност со пропишаните обрасци од страна на Фондот, објавени на веб - страницата www.fzo.org.mk во делот Здравство → Теркови на потребна документација за 2024 година.


Потребната документација здравствената установа треба да ја достави  во архивата на Фондот, со назнака „за Сектор за финансиски прашања“ и во електронска форма на е-адреса [email protected], а притоа потребно е во називот на е-адресата да стои името на здравствената установа, додека во содржината да биде назначено лице за контакт, контакт-телефон и негова е-адреса.


Рокот за доставување на потребната документација до Фондот е заклучно со 19.11.2023 година.

Фондот може да побара и друга документација поврзана со Барањето. 

Со почит,
Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
 

Документи

образец 6